Ракомет

Ноември во знакот на ГРК Охрид – стартуваат и европските натпревари!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува густ распоред во ноември, со серија натпревари во Суперлигата и двојни дуели во рамки на ЕХФ Европскиот куп. Екипата ќе одигра вкупно седум натпревари во период од 5-ти до 30-ти Ноември.

Охриѓани го отвораат месецот на 5-ти Ноември со гостување кај РК Бутел, а три дена подоцна, на 8-ми Ноември, ќе бидат домаќини на РК Пролет 62.

Следува уште еден домашен натпревар – на 12-ти Ноември против силниот РК Алкалоид, што ќе биде и последна проверка пред европските предизвици.

Во рамки на ЕХФ Европскиот куп, охридскиот состав ќе се сретне со РК Слога Добој од Босна и Херцеговина. Првиот меч ќе се игра во Охрид на 16-ти Ноември, а реваншот е закажан за 22-ри Ноември во Добој.

ФОТО: ГРК Охрид

Во меѓувреме, во домашното првенство, избраниците на Охрид ќе гостуваат кај РК Струга во периодот од 13-ти до 19- ти Ноември, а месецот ќе го заокружат со дуел против РК Вардар 1961 на 30-ти Ноември на домашен терен.

Дефинитивно, месец ноември ќе биде месец на големи предизвици за ГРК Охрид. Тимот ќе се обиде да ја задржи добрата форма на домашната сцена и истовремено да направи исчекор во европските натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!