Денеска македонскиот ракомет се фокусира на три машки репрезентации кои започнуваат собири за претстојните натпревари.
Кадетите, под водство на Горан Кузманоски, ќе играат квалификации за ЕП 2026 во Луксембург, каде покрај домаќинот ќе се сретнат и со Финска и Грција. Турнирот ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември.
Младинците на Наум Танески ќе одиграат две пријателски средби со Словачка во Скопје на 31 октомври и 1 ноември, како дел од подготовките за Европското првенство 2026.
Сениорите на Кире Лазаров ќе играат два пријателски натпревари со Јапонија – еден од затворен карактер – во Скопје на 30 октомври и еден од отворен тип во Куманово на 1 ноември, со цел да темпираат формата за претстојните предизвици- ЕП 2026 во јануари.