Ракомет

Македонија и Јапонија во Куманово – билетите пуштени во продажба!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Ракометната федерација на Македонија ја започна продажбата на билети за пријателскиот натпревар меѓу нашата репрезентација и Јапонија, кој ќе се одигра на 1 ноември во Куманово.

Љубителите на ракометот ќе можат да уживаат во настапот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров по симболична цена од само 100 денари. Очекувањата се дека реновираната спортска сала во Куманово ќе биде исполнета до последното место.

Билетите се достапни преку онлајн платформата МК Тикетс, а натпреварот ќе биде вистинско спортско уживање за локалната публика. Пред овој дуел, двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен меч зад затворени врати во Скопје на 30 октомври.

Пријателскиот дуел Македонија – Јапонија ќе започне во 16:00 часот, а ќе биде одлична можност селекцијата на Лазаров да ја тестира формата пред претстојните квалификациски предизвици.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!