Кошарка

Кошаркарите на Работнички со пресврт до нова победа во Гевгелија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Работнички дојде до нова победа во домашниот кошаркарски шампионат, совладувајќи го Кожув на гостински терен во Гевгелија со резултат 81-86, во натпревар од четвртото коло на македонската Суперлига.

Со новите засилувања кои конечно се регистрирани по укинувањето на блокадата, изгледаат како целосно прероден тим, а тоа најдобро го покажуваат резултатите во последните две кола. Момците на Владимир Мирковски одиграа одличен натпревар и успеаја да направат голем пресврт во завршницата во салата „26 април“.

Работнички губеше со 61-69 на влезот во последната четвртина, но со серија одлични напади предводени од Американците Хатсон и Томпсон, како и капитенот Ефремовски кој погоди клучна тројка, гостите го израмнија резултатот на 72-72. Потоа следеше нова серија од 0-7, со која Работнички се одлепи на плус седум поени (73-80) и мирно го приведе натпреварот до крај.

Во тимот на Работнички најефикасен на мечот беше Томпсон со 23 поени 4 скока и 7 асистенции, додека Ефремовски придонесе 20 поени 4 скока и 1 асистенција, а Хатсон оствари дабл-дабл учинок – 17 поени и 10 скока. Во тимот на гевгеличани, најефикасни беа Николас со 25 поени 7 скока и 5 асистенции, и Парвис со 20 поени 4 скока и 1 асистенција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

Кошарка

Адамовска на врвот кај асистентите – промени на индивидуалните листи во Првата женска кошаркарска лига

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!