По седум одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од Богданци е на врвот од табелата со 12 бодови, колку што има и Мулти Есенс, но тимот од Богданци има меч помалку.
Дополнително, Младост беше подобар во дербито со скопскиот тим, па така сега тимот од Богданци направи голем чекор напред во мисијата за враќање во Суперлигата.
Вардар Неготино е трет со десет бодови, а пак четврти е Драчево Јуниор, исто така со десет бодови, но со меч помалку.
Овие четири екипи ќе ја водат битката за влез во Суперлигата, а само првото место директно води кон ракометната елита на Македонија, додека пак вториот тим игра бараж за можен влез во Суперлигата.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА РАКОМЕТНА ЛИГА:
