Поради обилни врнежи од дожд и поплавени фудбалски терен, три натпревари во Трета лига – Север од 8. коло беа одложени бидејќи немаше услови за игра.
Овие одложени натпревари ќе треба да се одиграат во нов термин, кој дополнително треба да биде закажен.
Услови за игра немаше во скопско Љубин каде требаше да играат Беса Сарај и БВК Коњаре, но немаше услови за игра поради тоа што поголем дел од теренот бил поплавен.
„Натпреварот немаше основни услови за игра. Поголемиот дел од теренот беше поплавен и топката не се движеше, не отскокнуваше. Во присуство на двајцата капитени на екипите, согласно Главниот судија и делегатот на натпреварот одлучено е натпреварот да не започне“, се вели во записникот од мечот.
Ниту во кумановско Доброшане немаше услови за игра каде требаше да се соочат Куманово и Лопати.
„Во присуство на делегатот, двајцата капитени и официјалните лица е констатирано дека поради обилните врнежи, лошите временски услови и насобраниот воден талог на теренот нема услови за игра и натпреварот ќе бидне одложен“, се вели во записникот.
Дождот не дозволи да се одигра ниту натпреварот меѓу Студеничани и Отља.
„Натпреварот одложен поради временските услови целиот терен беше поплавен со вода во присуство на двајцата капитени и главниот судија натпреварот не се одигра“. се вели во записникот од мечот.