Трета лигаФудбал

Прва сезонска радост за Млекар, Борец пресилен, Тополка ги освои бодовите!

Сподели
ФОТО: Екипата на ФК Млекар
Сподели

Новиот третолигаш Млекар стигна до првата сезонска радост откако во меч од 7. коло на Трета лига – Југ славеше триумф од 3:5 на гостување кај Младост во Кривогаштани.

Гостинот имаше фантастично отварање на натпреварот, а на полувреме имаше три гола предност, откако стрелаа Мартин Каралиоски, Виктор Јованоски и Филип Аљакоски.

Во вториот дел голеадата ја продолжи Филип Тарјкоски за 0:4. Домашниот тим потоа се разбуди и постигна два погодоци за да намали на 2:4, откако Андреј Бунески во 76. минута беше прецизен за 1:4, а пак Дарко Ангелевски во 80. минута намали на 2:4.

Но, веднаш реагираше и Млекар преку Ангел Наумоски во 82. минута зголеми на 2:5, а конечните 3:5 ги постави Бунески со втор гол во 87. минута.

Росоман го доби дербито со Питу Гули на домашен терен откако славеше со 2:0. Двата погодоци за Росоман беа дело на играчи кои мечот го стартуваа од клупа и се покажаа како џокери на тренерот Никола Глигоров.

Мартин Јовановски во 72. минута го отвори резултатот, а во 73. минута Мартин Темелковски од домашниот тим и Ѓорѓи Стрезовски од гостинскиот тим заработија втор жолт картон и своите екипи ги оставија со играч помалку на теренот.

Во 90. минута печат на победата стави Бранко Стошиќ со што Росоман го доби дуелот на двата поранешни второлигаши.

На прва сезонска победа се радуваше и новиот третолигашот Тополка, кој на домашен терен со 3:0 славеше над Дреново.

Јован Димитров во 38. минута постигна гол за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Никола Калешов и Николче Стојанов ги поставија конечните 3:0.

Продолжува победничката низа на Борец, а ланскиот второлигаш на Градскиот стадион во Велес со 3:0 го доби Башкими од Јаболчиште.

Сите три погодоци беа постигнати во вториот дел од натпреварот. Дејан Стефановски во 61. минута постигна гол за водство на Борец, а по четири минути Илхан Имеров зголеми на 2:0. Конечниот резултат од 3:0 го постави Милан Чечевски во 76. минута.


Трите бодови остана во Долни Дисан откако Венец со 3:2 славеше над Ултрас. Петар Ристовски беше двоен стрелец за домашниот тим, а гол постигна и Димитар Василев. За гостинската екипа стрелаа Христи Мицевски и Христијан Баракоски во вториот дел.

Во рамки на седмото коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ слободна беше екипата на Бучин. Вчера, како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Превалец со убедливи 3:0 го декласираше Влазними Јуниор во гости.

Лидер на табелата е Борец со 18 бодови, втор е Превалец со 16 бодови, но и меч помалку, а пак трет е Росоман со 14 бодови, додека Питу Гули со натпревар помалку е четврти со 13 бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!