Трета лигаФудбал

ФОТО: Еуромилк ГЛ слави нов триумф, три бода за Пчиња, Фортуна пресилна со седум гола!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | Еуромилк ГЛ - Ржаничино
Сподели

Обилните врнежи од дожд не дозволија да се одиграат три натпревари во Трета лига – Запад, а беа одиграни четири натпревари од осмото коло.

Пчиња славеше минимална домашна победа на Башкими Љуботен од 1:0, а благодарение на автоголот на Ермин Демировски.

Фортуна го декласираше некогашниот второлигаш Кадино со убедливи 7:0. Домаќинот доминираше на теренот, а победата беше најавена уште во првиот дел кога домаќинот имаше три гола предност.

Шуајб Рамани беше двоен стрелец, а по ден гол постигна Абдула Јашари и Шаќир Мемеди во првиот дел, а во вториот дел стрелаа Иљми Кадриу, Алтин Сефо и Албан Алија.

ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | Еуромилк ГЛ – Ржаничино

Аеродром слави победа над Беса од Слупчане во гости и то преку пресврт во самиот финиш од мечот, а домаќинот може да жали за испуштените бодови.

Шуајб Бајрами во 26. минута го отвори резултатот за водство од 1:0. Израмнувањето стигна во 83. минута со голот на Стефан Богданоски, а комплетниот пресврт се случи во 88. минута со голот на Дарија Аврамовски за конечни 1:2 и голем триумф на Аеродром.

Еуромилк ГЛ продолжува со одлични резултати во Трета лига – Север, а денес поранешниот прволигаш со 3:2 славеше над Ржаничино на свој терен.

ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ | Еуромилк ГЛ – Ржаничино

Искусниот голгетер Орхан Мифтар со два погодоци во 2. и 10. минута обезбеди предност од 2:0. Во 39. минута Мартин Лазев намали на 2:1 на полувреме.

Во вториот дел домаќинот презеде инцијатива за да го реши мечот и преку Бојан Јанев во 67. минута стигна до предност од 3:1. Гостинот преку Халил Калач само го ублажи поразот на конечни 3:2.

Услови за игра немаше во скопско Љубин каде требаше да играат Беса Сарај и БВК Коњаре, но немаше услови за игра поради тоа што поголем дел од теренот бил поплавен.

„Натпреварот немаше основни услови за игра. Поголемиот дел од теренот беше поплавен и топката не се движеше, не отскокнуваше. Во присуство на двајцата капитени на екипите, согласно Главниот судија и делегатот на натпреварот одлучено е натпреварот да не започне“, се вели во записникот од мечот.

Ниту во кумановско Доброшане немаше услови за игра каде требаше да се соочат Куманово и Лопати.

„Во присуство на делегатот, двајцата капитени и официјалните лица е констатирано дека поради обилните врнежи, лошите временски услови и насобраниот воден талог на теренот нема услови за игра и натпреварот ќе бидне одложен“, се вели во записникот.

Дождот не дозволи да се одигра ниту натпреварот меѓу Студеничани и Отља.

„Натпреварот одложен поради временските услови целиот терен беше поплавен со вода во присуство на двајцата капитени и главниот судија натпреварот не се одигра“. се вели во записникот од мечот.

 

 

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!