Трета лигаФудбал

Влазними, Караорман и Кравари убедливи, во Мешеишта немаше победник!

Сподели
Сподели

Шестото коло во Трета лига – Југозапад донесе убедливи победа со многу погодоци, а еден меч не се одигра.

Кравари со 4:0 го декласираше Кораб со што забележа убедлива победа, а сите погодоците беа постигнати во првите дваесет минути. Резултатот го отвори Јовица Христовски во 3. минута, а веќе во 7. минута Иван Иванов ја дуплираше предност.

Во 14. минута за 3:0 стрелаше Сашко Лазаревски, а во 20. минута конечни 4:0 го постави Теодор Трајановски.

Победа од 0:4 славеше и поранешниот второлигаш Караорман, кој го доби Демир Хисар на гостински терен. Лука Богданоски беше двоен стрелец, а по еден гол за струшкиот третолигаш постигнаа Стефан Крстески и Ненад Балоски.

Лидерот Влазними со убедливи 5:2 го доби Напредок од Ношпал, па така трите бодови останаа во Струга. Искусниот Аљтин Лога постигна два погодоци, а по еден гол постигнаа Елидон Рочи, Денис Шадов и Самед Кадриоски. За гостинската екипа во првиот дел погоди Владе Јанакиевски, а во вториот дел Филип Кебаковски.

Во Мешеишта немаше победник откако Славеј и Могила ги поделија бодовите играјќи 2:2. Одново Хакан Алимовски беше тој го доминираше и со два погодоци обезбеди бод за неговиот тим.

Токму Алимовски во 10. минута погоди за 0:1 и водство на Могила на полувреме. На стартот од вториот дел Алимовски со втор гол зголеми на 0:2, но тоа не беше доволно за трите бодови.

Марио Петкоски во 55. минута постигна гол за намалување на предноста на гостинот на 1:2. Во 62. минута судијата Димитар Левески покажа на белата точка, а Никола Секулоски беше на вистината на задача и постигна гол вреден бод, откако со тоа ги постави конечните 2:2.

Екипите на Велешта и Света Троица не го одиграа својот меч, а како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа од свои извори, овој меч не се одигра бидејќи судии кои требаше да делат правда на овој меч доживеале сообраќајна несреќа, но според наши информации истите биде во добра состојба, а нашата редакција им посакува брзо закрепнување.


Во однос на табелата екипата на Влазними е прва со 15 бодови, Кравари е втор со 13 бодови, а пак трета е Могила која има 11 бодови, додека пак Караорман е на 4. место со 10 бодови.

Славеј од Мешеишта и Демир Хисар го делат петтото место со по девет бодови, Света Троица е седма со седум бодови, Кораб е осми со четири бодови, Напредок од Ношпал е деветта со три бодови, а на дното е Велешта со минус два бодови.

Екипите на Света Троица и Велешта имаат меч помалку, односно мечот кои двете екипи меѓусебно ќе се соочат во некој вонреден термин.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!