Брера Струмица игра во фантастична форма по доаѓањето на младиот стратег Мартин Алаѓозовски, кој буквално го прероди тимот и бележи само одлични резултати, а сега струмичани славеа огромна победа од 2:4 над Струга Трим Лум во меч од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Три огромни бодови со кои Брера Струмица се искачува на горниот дел од табелата и со 15 бодови сега е на шестото место на табелата.
Според формата од последните пет меча тимот од Струмица има еден пораз од Македонија ЃП во гости од 2:0, има едно реми со Башкими од 1:1 и три победи над Арсими (2:1), Работнички (3:4) и над Струга Трим Лум (2:4).
Според тоа Брера Струмица од можни 15 бодови успеа да освои десет бодови од последните пет меча, па повеќе од јасно е дека во соблекувалната владеа неверојатна позитивна атмосфера и сосема заслужено момците на Алаѓозовски имаат победничка фотографија од соблекувалната во Струга.