Натпреварот меѓу Брегалница Делчево и Тиверија кој требаше да се одигра денес е одложен, па така овој меч од 8. коло на Трета лига – Исток ќе се одигра во нов термин.
Одложување на овој меч е на барање на гостите од Струмица, а причината е вирус кај играчите, барем така објави ФК Брегалница од Делчево.
Овој натпревар не е прв кој се одложува поради истата причина, претходно, беше одложен натпреварот меѓу Дојранско Езеро и Победа Валандово, на барање на тимот од Дојран, а потоа беше одложен мечот меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово, од истата причина, а на барање на тимот од Валандово.
Па така, во Трета лига – Исток има три одложени натпревари кои ќе треба да се одиграат во вонреден термин.