Втора лигаФудбал

ФОТО: Охрид ја торпедираше Саса со ШЕСТ гола, Беласица со нов пораз, три бода останаа во Радовиш

Сподели
Сподели

Деветтото коло донесе некои изненадувачки резултати, а најубедлива победа запиша Охрид, кој буквално ја торпедираше Саса со фантастични 6:1.

„Рударите“ први го отворија резултатот откако погоди Тони Мичковски во 5. минута од мечот, но до крајот на првиот дел Охрид преку Иван Глигоров и Антонио Каланоски сврте на 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Глигоров погоди за 3:1, а до крајот стрелаа Емил Скоко, Ангел Крстески и Игор Јаневски за убедливи 6:1.

Скопје со голот на Тео Мировски во 88. минута дојде до победа од 1:0 над Новаци, а исто така и Шкендија Арачиново славеше над Осогово со 1:0, а благодарение на голот на Фикрет Љиварека, кој стрелаше против својот поранешен клуб.

Преспа преку пресврт славеше над Тетекс на домашен терен со 3:1, со што трите бодови останаа во Ресен, а домаќинот ја продолжува борбата за опстанок.

Зеќири го отвори резултатот за водство на тетовскиот тим на полувреме од 0:1. На стартот од вториот дел искусниот Пластиновски погоди за 1:1, а веќе во 66. минута Преспа имаше водство од 2:1 со голот на Спировски. Конечниот резултат беше поставен во судиското надополнување со голот на Петрески.

Брегалница стигна до сигурен триумф над Големо Коњари славејќи со 0:2, а со погодоците на Масевски во првиот дел и голот на Тасев во вториот дел.

Трите бодови останаа во Радовиш откако Детонит Плачковица славеше со 3:1 против Вардар Неготино.

ФОТО: Детонит Плачковица – Вардар Неготино

Двете носи засилувања кои пристигнаа во пакет од Кожуф, постигнаа два брзи погодоци и го шокираа тимот од Неготино. Никола Сарески го отвори резултатот во 4. минута, а по четири минута гол постигна и искусниот голгетер Сашо Дуков за 2:0.

Во 37. минута голманот на домашниот тим Димитар Ѓоргиев си постигна автогол за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Филип Ѓорѓиевски, кој исто така е поранешен фудбалер на Кожуф погоди за конечни 3:1 во 55. минута. Четата на Горан Здравков ја продолжува одличната серија резултати.

Слога Виница остана без тренер, откако Емил Грнев си замина уште пред деветтата рунда, а денес тимот го водеше друг тренер, односно привремено решение додека да се изнајде решение за испразнетото тренерско столче, но Слога одново загуби овој пат од Кожуф со 0:2. Двата погодоци ги постигнаа Мемеди и Демиров во вториот дел од мечот.

ФОТО: Шкендија Арачиново – Осогово

Беласица веќе влезе во резултатска криза со трет последователен пораз, а новиот тренер Панче Стојанов со пораз дебитираше на клупата на струмичкиот тим, откако загуби од Победа со 1:2.


Ова веќе е алармантен сигнал за Беласица која најави амбиции за Прва лига. Резултатот во Струмица го отвори Лука Трајкоски за водство на Победа од 0:1 во 14. минута од мечот.

На стартот од вториот дел Александар Коцев погоди во 47. минута за 1:1 и така Беласица се врати во егал борба за трите бодови. Шокот за домашниот тим го приреди Филип Димоски кој во 91. минута постигна гол за голем триумф на Победа од 1:2 и големи и важни три бода.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!