Трета лигаФудбал

Левески го доби дербито меѓу Славеј и Могила во Мешеишта, Спироски ќе им суди на Кравари и Кораб

Сподели
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од шестото коло на Трета лига – Југозапад, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Дербито во Мешеишта меѓу Славеј и Могила го доби Димитар Левески, а ќе му помагаат Љупчо Спироски и Стефан Петрушевски.

Мики Милосовски го доби натпреварот меѓу Влазними и новиот третолигаш Напредок од Ношпал, а помошници на овој меч ќе бидат Михајло Ванкоски и Марио Трајковски.

Кравари на домашен терен како фаворит ќе се соочи со Кораб од Дебар, а за правдата ќе бидат задолжени Анѓеле Спироски и неговите помошници Кренер Бекри и Ѓорѓи Лаброски.

Главен судија на натпреварот меѓу Демир Хисар и Караорман ќе биде Петар Цфетко, а во неговиот судиски тим како помошници ќе бидат Алексндар Крстевски и Алмир Бајрами.

Енис Зекмановски ќе им суди на Велешта и Света Троица од Охрид, а ќе му помагаат Љупчо Богдановски и Зоран Тасески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!