В недела ќе бидат одиграни натпреварите од 8. коло на Трета лига – Исток, а веќе се познати и судиите кои ќе делат правда на петте среди, а во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Карбинци.
Во Делчево силите ќе ги одмерат Брегалница и Тиверија, а правдата ќе ја дели Игор Филипов, а негови помошници ќе бидат Дејан Стоиков и Ристе Бојчев.
Во Валандово ќе се одигра натпреварот меѓу Победа и Малеш од Берово, во меч каде домаќинот е голем фаворит. Виолета Јанчева ќе биде главен судија, а помошници ќе бидат Блаже Петковски и Петар Манчев.
Дербито во Пирава го доби Доне Ристовски кој ќе им суди на Ударник и Хоризонт Турново, а помошници ќе бидат Јордан Јовановски и Илија Атанасов.
Здравко Костовски ќе биде главен во Зрновци каде ќе играат Светлост и Дојранско Езеро, а асистенти ќе бидат Марио Кочијев и Цане Давитков.
Во Свети Николе ќе се одигра дерби натпревар меѓу Овче Поле и Рудар од Пробиштип, кој ќе се одигра на 100-годишнината од постоењето на домаќинот.
Правда овде ќе дели Тодор Апостолов, а ќе му помагаат Даниел Ангелов и Игорче Богатинов.