Трета лигаФудбал

Тодоровски ќе им суди на Беса Сарај и БВК Коњаре, Ставров на Еуромилк ГЛ и Ржаничино

Сподели
ФОТО: Еуромилк ГЛ
Сподели

Во недела ќе се одиграат натпреварите од осмото коло на Трета лига – Север, а веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата.

Беса Сарај на домашен терен ќе игра со БВК Коњаре, а правда ќе дели Ненад Тодоровски, со неговите помошници Милан Петров и Петар Арсовски.

Методија Ставров ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Ржаничино, а помошни судии ќе бидат Христијан Стојанчевски и Бојан Божиновски.

Беса во Слупчане ќе го пречека Аеродром, а правда ќе дели Борче Паловиќ со неговите асистенти Мартин Дувњак и Стефан Стојановски.

Денис Стојковиќ ќе им суди на Куманово и Лопате, а негови асистенти ќе бидат Мартин Петковски и Станко Митровиќ.

Пчиња на домашен терен ќе игра со Башкими Љуботен, а судиска тројка ќе биде Александар Ѓорѓиевски, Матеј Спасевски и Кристијан Крстев.

Студеничани на домашен терен ќе се соочи со Отља, каде главен судија ќе биде Бобан Јовановски. Помошници ќе бидат Иван Ивановиќ и Виктор Здравев.

Фортуна на домашен терен ќе игра со некогашниот второлигаш Кадино, а главен судија ќе биде Никола Петковски, а пак помошници ќе бидат Милош Алексиќ и Бојан Аврамовски.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!