Трета лигаФудбал

Методија Костов го доби дербито меѓу Росоман и Питу Гули, Стевановски главен во Велес

Сподели
ФОТО: Превалец - Млекар
Сподели

В недела ќе бидат одиграни натпреварите од 7. коло на Трета лига – Југ, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата.

Во Кривогаштани ќе се соочат Младост и Млекар, а за правдата ќе биде задолжен Душко Стојсавлевиќ, а негови помошници ќе бидат Филип Боцески и Кире Кулески.

Дербито меѓу Росоман и Питу Гули ќе го суди Методија Костов, а ќе му помагаат Мирко Најдов и Виктор Миланов.

Влазними Јуниор дома ќе се соочи со фаворитот Превалец, а правда ќе делат Атанас Таневски како главен судија и помошниците Зоран Ангелов и Ване Данилов.

Тополка на домашен терен ќе се соочи со Дреново, а судиска тројка на овој меч ќе биде Дарко Макалоски и помошниците Драган Јончески и Христијан Трајкоски.

Во Велес ќе се соочат Борец и Башкими од Јаболчиште, а правда ќе дели Драган Стевановски и неговите помошници Александар Ајдаров и Роберт Црвенов.

Во Долни Дисан главен судија ќе биде Тоше Ицев, а ќе се соочат Венец и Ултрас. Негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Гони Гурев.

Во рамки на 7. коло во Трета лига – Југ, слободна ќе биде екипата на Бучин.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!