Трета лигаФудбал

Бендеровски: Нашата младост и енергија се нашата најголема сила!

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Могила во шестото коло од Третата лига – Југозапад ќе имаат нов гостински предизвик. Овојпат, ќе гостуваат кај Славеј од Мешеишта, екипа која сезонава бележи солидни резултати со само еден пораз на пет одиграни натпревари.

Могила влегува во мечот во одлично расположение, по две последователни победи и со најдобра гол-разлика во лигата. Тимот е во налет на форма, а тоа го потврди и Дарио Бендеровски, еден од најдобрите играчи на екипата во досегашниот тек од сезоната.

„Како екипа имаме одлични услови за работа и зад нас се две победи кои донесоа дополнителна самодоверба. Радува фактот што играме надмоќно и создаваме многу шанси. По пет кола имаме 16 постигнати погодоци, што нè прави најофанзивна екипа во лигата“, изјави Бендеровски.

Иако Могила четири од првите шест натпревари ги игра на гостински терен, младите фудбалери од оваа екипа покажуваат стабилност и карактер, задржувајќи се на високото второ место на табелата.

„Од натпревар во натпревар растеме, се надградуваме и учиме. Мотивирани сме да покажеме дека нашата младост и енергија можат да бидат нашата најголема сила,“ додаде Бендеровски.

Дуелот меѓу Славеј и Могила се очекува да понуди возбудлив фудбал, со две екипи во добра форма и со јасна цел – продолжување на позитивната серија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!