Прва лигаФудбал

Арсими мотивиран пред дуелот со Тиквеш: Веруваме во позитивен резултат

Сподели
Сподели

Денес прволигашот Арсими ќе гостува во Кавадарци каде ќе се соочи со тимот на Тиквеш — екипа позната по својата цврста и борбена игра на домашен терен. Натреварот е закажан со почеток од 14:30 часот на градскиот стадион во Кавадарци.

Тимот од Чегране неделата ја помина во интензивни тренинзи и детална анализа на противникот, со цел подобрување на играта во сите линии и постигнување на посакуван резултат.

Крилниот напаѓач Шпенд Асани истакна дека тимот е максимално подготвен и мотивиран за претстојниот дуел.


„Работевме многу напорно оваа недела и знаеме што не очекува во Кавадарци. Нема да биде лесно, но подготвени сме да дадеме сè на теренот. Свесни сме дека ќе играме против квалитетен противник, особено на нивниот тежок терен, но нашата цел е да одиграме дисциплинирано, борбено и со срце — како што секогаш го карактеризира Арсими.

Ја анализиравме нивната игра и ќе се обидеме да го спроведеме планот на тренерот во целост. Доколку дадеме максимум, верувам дека можеме да освоиме позитивен резултат“, рече Асани.

Тој се заблагодари и на навивачите за постојаната поддршка: „Нашите навивачи се нашата дополнителна сила на секој натпревар.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!