Трета лигаФудбал

Бакиевски со три гола носи победа за Куманово, реми на Аеродром и Еуромилк ГЛ, Пчиња игра во одлична форма!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Одново многу погодоци во Трета лига – Север, а денес беа одиграни натпреварите од вонредното 7. коло.

Дербито меѓу Аеродром и Еуромилк ГЛ заврши без победник, двете екипи одиграа ефикасен меч со конечен резултат 2:2.

Поранешниот прволигаш од Горно Лисиче резултатот го отвори преку Томче Павловски во 6. минута од белата точка, а пак Мартин Ацески во 12. минута погоди за 1:1. Пред крајот на првиот дел Оливер Пеев во 43. минута погоди за 1:2 на полувреме, со гол од пенал. Во вториот дел Иван Пашариковски ги постави конечните 2:2.

Во 52. минута тренерот на Аеродром, Ивица Аврамовиќ доби директен црвен картон, а пак Леонид Стојановски во 77. минута заработи втор жолт картон и ја остави својата екипа со играч помалку на теренот, но тоа не го искористи гостинот. Одличен меч имаше и младиот Ангел Настевски.

Фортуна преку Исмаили и Бериша го доби дуелот со Беса од Сарај со 2:0, а пак Лопати се израдува на прв сезонски триумф славејќи над Беса од Слупчане со 2:0, а благодарение на погодоците на Бајрами и Хасан.

Кадино одново загуби овој пат од Студеничани со 2:3. По само три минути игра Шабани и Алиу погодија за 0:2, а во 18. минута Марио Благојевски намали на 1:2 со гол од белата точка. Во вториот дел Далибор Костовски си постигна автогол, а пак потоа истиот играч во 82. минута погоди но овој пат во вистинската мрежа за конечни 2:3.

Пчиња ја продолжува одличната форма и со убедливи 1:6 славеше над дебитантот Отља на гостински терен во Слупчане. Николче Стојановски беше двоен стрелец, а по еден гол имаа Христијан Стојчевски, Бобан Стојановски, Јованчо Цаневски и Далибор Тодоровски. За домаќинот единствен стрелец во 86. минута беше Љиридон Реџепи.


Куманово продолжува во победничката форма, овој пат славеше над Башкими Љуботен со 2:3, а благодарение на Гезим Бакиевски кој постигна хет-трик. За домаќинот во вториот дел стрелаа Фетаи и Чупи.

БВК Коњаре во финишот се спаси од пораз откако Демири погоди во 94. минута за конечни 2:2 и со тоа ги поделија бодовите со Ржаничино. За гостинот уште стрелаше и Чалафи, а пак за домаќинот погодија Мицевски и Мирков.

Во однос на табелата Еуромилк ГЛ и Куманово го делат врвот со по 19 бодови, трет е БВК Коњаре со 17 бодови, а пак Пчиња е четврта со 16 бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!