Три натпревари завршија без победник во рамки на вонредното 7. коло на Трета лига – Исток, а од нив два натпревари без погодоци.
Во Пробиштип немаше погодоци откако Рудар и Светлост од Зрновци ги поделија бодовите играјќи 0:0, а голови немаше ниту на „Ел Класикото“ во Берово каде Малеш и Брегалница од Делчево ремизираа без голови (0:0) и ги поделија бодовите.
Струмица немаше победник на дуелот меѓу Тиверија и Карбинци, но имаше по еден погодок (1:1). Двата погодоци беа постигнати доцна во мечот откако најдобриот стрелец на Карбинци стрелаше во 84. минута за водство на гостинот од 0:1, а во 91. минута Андон Шилинов беше прецизен за конечни 1:1 и делење на бодовите.
Ниту „Д“ од дерби во Дојран, Ударник го „збриша“ Дојранско Езеро со убедливи 0:4 за нови три бодови на своето конто, а со тоа тимот избива на челната позиција на табелата. Здравко Павлов го отвори резултатот, двапати погоди искусниот Александар Тенекеџиев, а гол постигна и Илија Баламов.
Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово, како што веќе информираше Спортска Мрежа не се одигра, истиот е одложен ан барање на гостите од Валандово и ќе се одигра во нов термин.