Фудбалерите на Малеш денес го пречекуваат големиот комшиски ривал Брегалница Делчево во дербито на Истокот, кое започнува за неколку минути на градскиот стадион во Берово.
И покрај тоа што беровчани не се во најдобра форма, играчот на Малеш, Илија Бојчовски, истакна дека тимот ќе влезе со огромна мотивација и срце во овој натпревар:
„Се соочуваме со нашиот комшиски ривал Брегалница Делчево! Не сме во најдобра форма и настапуваме со млади сили, но ќе дадеме сè од себе – да покажеме срце, борба и желба! Поддршката од публиката ни значи многу! Ајде Берово, нека дербито остане наше!“, изјави Бојчовски пред почетокот на дуелот.
Овој натпревар се најавува како едно од највозбудливите дербија во ова коло на Третата лига – Исток, со оглед дека секогаш носи голема доза на емоции, локален престиж и неисцрпна борбеност.