Утре, во вонреден термин, ќе се одиграат натпреварите од шестото коло во Третата македонска фудбалска лига – Југ.
Оваа рунда го носи натпреварот меѓу Млекар и Венец од Долни Дисан, каде што домашниот тим ќе ја бара првата сезонска победа. Главен судија на мечот ќе биде Атанас Таневски, а негови помошници Давор Дишлиевски и Александар Трајков.
Еден од најинтересните дуели на колото ќе биде пресметката меѓу Ултрас и Борец, дерби на ова вонредно коло. Главен судија ќе биде Ангел Ристов, со асистенти Зоран Ангелов и Ване Дупкаров.
Екипата на Башкими од Јаболчиште на домашен терен ќе се соочи со Тополка, во натпревар каде што домаќинот важи за фаворит. Средбата ќе ја суди Методија Костов, а ќе му асистираат Мирко Најдов и Џенита Кицара.
Дреново ќе ја пречека екипата на Влазними Јуниор, во меч каде што домаќините ќе ја бараат првата сезонска победа. Главен судија ќе биде Николче Димовски, а негови помошници Љупчо Клинкаров и Славче Шоповски.
Во дербито на врвот, Превалец ќе го пречека Росоман, дуел на две екипи кои имаат амбиции за првото место. Главен судија ќе биде Душко Стојсављевиќ, со асистентите Кире Кулески и Филип Боцески.
Колото ќе се заокружи во Крушево, каде што Питу Гули, како фаворит, ќе се соочи со екипата на Бучин. Главен судија на овој меч ќе биде Филип Иваноски, а ќе му помагаат Иле Мишески и Михаил Јакопетрвески.
Сите натпревари од ова шесто коло ќе започнат во 14:00 часот.