Кошарка

Баскет Кам пред нова битка за одбрана на титулата во Првата женска кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Со мало пролонгирање, денес стартува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига. Во шампионатот ќе се натпреваруваат осум екипи, а системот ќе опфати два дела – двокружен натпреварувачки период и дополнителна еднокружна фаза пред плеј-офот.

Актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица повторно ќе ја брани титулата, со минимални промени во ростерот. На клупата сега е Тони Симиќ, кој ја наследи Жаклина Стојановска. Кметовска, Димова, Адамовска, Поп-Димитровска и Максимовска ќе ја носат главната улога и оваа сезона.

Главни конкуренти на шампионките се очекува да бидат екипите на Крива Паланка, Вардар и Бадел 1862. Крива Паланка влезе во сезоната со три странски засилувања, Вардар ќе се потпре на домашен состав со младински репрезентативки, додека Бадел го врати во редовите својот адут Ива Чолакоска.

Во првото коло ќе се сретнат Вардар – Спорт Тим, Крива Паланка – Патриот 2026 и Пробаскет – Бадел 1862, додека на 22 октомври ќе се одигра дербито меѓу МЗТ Бела Вода и актуелниот првак Баскет Кам.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја имаат победничката фотографија на денот! Охриѓани одиграа фантастична есен истата ја...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

Кошарка

Адамовска на врвот кај асистентите – промени на индивидуалните листи во Првата женска кошаркарска лига

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!