Ракомет

Тиквеш се прости од Европа – Бешикташ повторно пресилен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Тиквеш ја завршија својата европска епизода во второто коло од ЕХФ Европскиот куп, откако и во реваншот во Кавадарци беа поразени од турскиот шампион Бешикташ со 21-23.

Иако резултатот од првиот натпревар во Истанбул им ја намали шансата за пласман понатаму, кавадарчани одиграа борбено и со чест го завршија својот настап пред домашната публика. Тимот на тренерот Кристијан Грчевски одлично го започна мечот, водеше со 6-3 и 8-4, а во неколку наврати имаше можност да ја зголеми предноста. Сепак, неколку пропуштени шанси и технички грешки му овозможија на искусниот противник да ја намали разликата, па на полувремето таблата покажуваше 11-9.

Во продолжението, клучната фигура беше голманот Василије Печурица, кој со 16 одбрани го одржуваше својот тим во игра, но бековската линија не успеа да го следи неговото темпо. Бешикташ ја искористи секоја грешка и во последните минути направи пресврт кој му ја донесе и втората победа во двомечот.

Најефикасен кај Тиквеш беше Балша Чејовиќ со шест погодоци, додека Богдан Мијушковиќ постигна пет. Кај гостите, најдобар стрелец беше Емре Бабачан со седум гола.

И покрај елиминацијата, Тиквеш покажа дека може рамноправно да се носи со далеку поискусни ривали, а европската сцена ќе остане драгоцено искуство за младиот кавадаречки состав.

По завршувањето на овој двомеч, Македонија во ЕХФ Европскиот куп ја претставува само екипата на ГРК Охрид, која без поголеми проблеми го елиминираше азербејџански Баки.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!