Ракомет

Кукуловски: „Игравме дисциплинирано, секој го даде максимумот!“ – нова победа за Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжија во победнички ритам и на гостувањето кај Прилеп славеа убедливо со 34-18, потврдувајќи дека европскиот замав успешно го пренесуваат и во домашното првенство.

Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз играта, поведоа со 4-1, а до полувремето веќе имаа недостижни 19-10. Во вториот дел избраниците на Борис Ројевиќ ја задржаа дисциплината, ротираа со составот и рутински ја приведоа средбата до крај.

Еден од најрасположените поединци од таборот на Охрид, Кукуловски, по натпреварот, за Спортска Мрежа, изјави:

,, Прво, сакам да упатам честитки до екипата на Прилеп, за фер и коректната игра. Одигравме еден одличен натпревар, се држевме до договореното и брзо се одлепивме. Немавме многу проблеми, како во нападот, така и во одбраната.. ротиравме доста и игравме дисциплинирано. Секој од играчите го даде максимумот на терен и сметам дека резултатот си дојде сам по себе. “

Покрај Кукуловски, кој постигна шест погодоци, се истакнаа и Савревски со седум и Ѓукиќ со пет гола. Кај прилепчани, најефикасен беше Шабановиќ со четири реализации.

Во следното коло, охриѓани ќе го пречекаат Куманово, додека Прилеп ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!