Ракомет

Игор Котевски победнички се врати – Вардар Неготино го доби дербито со Драчево Јуниор

Сподели
Сподели

Игор Котевски со победа се врати во Вардар Неготино, кој го доби дербито со Драчево Јуниор!

Вардар Неготино со победа ја започна новата ера под водство на тренерот Игор Котевски, совладувајќи го Драчево Јуниор со 25-23 во возбудливо дерби кое до последните секунди беше неизвесно.

По неочекуваниот пораз во Штип против Текстилец, клубот од Неготино направи тренерска промена, а враќањето на Котевски се покажа како вистински потег. Неговиот тим одигра цврсто, борбено и со голем мотив за рехабилитација пред своите навивачи.

Иако гостите од Драчево имаа предност во првото полувреме и во неколку наврати водеа со три гола разлика (13-9), домаќините не се предадоа. На паузата се замина со 13-11, а потоа следуваше целосен пресврт. Вардар Неготино во второто полувреме поведе со 18-15, но Драчево успеа да израмни на 20-20 и внесе нова доза драма.

Во финишот, храбрите потези на Котевски донесоа резултат – домашните поведоа со 24-21, а во последните минути, по серија технички грешки и промашувања на двете страни, Андреј Маркудов го потврди триумфот со погодок за конечни 25-23.

Најефикасен кај победничкиот состав беше Драган Кузманов со 8 гола, од кои пет од пенал, а по три додадоа Христи Бикоски и Петре Пеовски. Кај Драчево, Ѓорѓи Дука постигна 4 погодоци.

Овој триумф за Вардар Неготино има голема тежина — не само што ја враќа самодовербата по неколку слаби партии, туку и ја задржува екипата во трката за првото место кое носи директен пласман во Суперлигата.

Во следното коло, Вардар Неготино ќе му гостува на Шампион, додека Драчево ќе биде домаќин на Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!