Ракомет

Ројевиќ и „гладијаторите“ без кочница – убедлив триумф на гостински терен, во Прилеп!

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

По европскиот предизвик и успешниот почеток на европската приказна, ракометарите на Охрид, без поголеми потешкотии се вратија на домашната сцена и запишаа убедлива победа над Прилеп со 34-18.

Од самиот почеток беше јасно кој ќе го контролира натпреварот. Гостите поведоа со 4-1, а потоа и со 5-2, поставувајќи темпо кое домашниот тим не успеа да го следи. Новите засилувања, Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ, веднаш се впишаa во победничкиот ритам, а веќе по првите 30 минути резултатот 19-10 ја најави конечната разлика.

Во продолжението, избраниците на Борис Ројевиќ продолжија во ист стил – дисциплинирано и ефикасно. Разликата се движеше и до +15, а охриѓани рутински ја приведоа средбата до крај.

Меѓу најрасположените стрелци, во таборот на Охрид,  беа Савревски со 7 голови, Кукуловски со 6 и Ѓукиќ со 5 погодоци, додека кај прилепчани се истакна Шабановиќ со четири реализации.

Во следното коло, Охрид ќе биде домаќин на Куманово, додека Прилеп ќе патува во Кавадарци, каде го очекува дуел со Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!