ФудбалФутсал

Втората футсал лига со 11 екипи – нов дебитант и враќање на футсалот во Кочани!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Познат е распоредот и изгледот на новата сезона во Втората футсал лига, која оваа година ќе брои 11 екипи, што е за две помалку во однос на ланската сезона кога настапуваа 13 клуба. Новитет во сезоната е дебитантот Фудбал Старс Ауто Велт од Кочани, со што футсалот по неколку години повторно се враќа во овој град.

Во новата сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат ланските прволигаши Железарец и Црна Река, како и екипите Карадаку, Каршиака, Конзули, Кратово, Овче Поле, СЕЕ Университи, ССК Скопје и Партизан Југ од Брвеница. Новиот член од Кочани ќе биде единствениот дебитант во ова издание на лигата.

Првото коло ветува возбудливи натпревари ширум Македонија. Во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле и Конзули, во Кавадарци Црна Река ќе биде домаќин на Каршиака, а во Тетово ќе се одигра натпреварот меѓу СЕЕ Университи и Кратово. Во Брвеница силите ќе ги одмерат Партизан Југ и Карадаку, додека пак Железарец ќе го пречека дебитантот Фудбал Старс Ауто Велт. Во ова коло слободна ќе биде екипата на ССК Скопје.

Со ова, Втората лига влегува во ново поглавје исполнето со свежи предизвици, нови амбиции и желба за напредок. Особено внимание привлекува враќањето на футсалот во Кочани, каде што љубителите на малиот фудбал повторно ќе имаат можност да уживаат во натпревари на домашен терен.

Во однос на минатата сезона, во лигата нема да настапуваат Победа од Прилеп, Кораб од Дебар и Енхалон од Струга, кои не ја пријавија својата екипа за оваа натпреварувачка година.

Новата сезона во Втората футсал лига ветува интересна борба за врвот и промоција во елитата, со бројни млади таленти и традиционални футсал центри кои ќе се обидат да го покажат својот потенцијал на теренот.

Како што е познато првите две екипи обезбедуваат директен влез во Првата футсал лига за сезона 2026/2027.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Футсал

Радовишанецот Андреј Коцевски со гол на дебито за Клими во Првата футсал лига

Радовишанецот Андреј Коцевски имаше деби за паметење во дресот на Клими од...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!