Ракомет

Шампионот Еурофарм Пелистер славеше во „братскиот“ дуел против Еурофарм Пелистер 2

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Еурофарм Пелистер славеше во „братскиот“ дуел против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 34-27, во натпреварот од осмото коло на ракометната Суперлига. Актуелниот шампион потешко го проби отпорот на младиот состав, но во вториот дел ги потврди своите амбиции и стигна до нови бодови.

По израмнетото прво полувреме, кое заврши 18-18, поискусниот тим на Рубен Гарабаја ја презеде иницијативата. На средината од вториот дел направија серија од четири голови и се одлепија на 27-23, што беше доволно за мирен финиш.

Иако настапи без неколку стандардни играчи, меѓу кои Митревски, Пешевски и Тајник, шампионот покажа стабилност и колективна сила. Шанса на голот доби младиот Мацанковски, кој се претстави во добро светло со десет одбрани. Најефикасен стрелец беше Рудолф Хакбарт со седум погодоци, а зад него се најдоа Кузмановски, Петар Атанасијевиќ и Хаџиќ со по пет.

Во редовите на Еурофарм Пелистер 2, најрасположен беше Бојан Гичев со седум гола, а добар настап имаше и голманот Младенов со 11 интервенции. Младиот состав, и покрај поразот, остави позитивен впечаток со борбената игра и мотивираниот настап.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер се искачи на втората позиција на табелата со 13 бодови, додека вториот битолски тим останува во долниот дел, продолжувајќи ја борбата за место во плеј-офот. Во следното коло, шампионот ќе го пречека Радовиш, а Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!