Ракомет

ФОТО: Младост како бундеслигаш го „збриша“ Кичево со 57 гола!

Сподели
ФОТО: РК Младост 1977
Сподели

Екипата на Младост од Богданци ја забележа највисока победа сезонава откако го декласираше Кичево со 44 голови разлика за конечни 13:57.

Овој натпревар требаше да се игра во Кичево, но поради зафатеност на салата двата клуба во заеднички договор го заменија домаќинството, па така мечот се одигра во Богданци.

Од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека Младост ќе забележи убедлива победа, откако по шест минути играше имаше водство од 0:7, а првиот гол Кичево го постигна во седмата минута од мечот.

Екипата на Кичево само пет погодоци постигна во првиот дел од натпреварот, а во вториот меч Младост само ја зголемуваше предноста и на крај славеше со 13:57.

ФОТО: РК Младост 1977

Кај Кичево со по три гола се истакнаа Славко Бошковиќ и Петар Стерјоски, а пак кај Младост најпрецизен беше Ѓорѓе Атанасов, додека пак седум погодоци имаш Антонио Николоски.

ФОТО: РК Младост 1977

Со овој триумф екипата на Младост најавува дека е подготвен за големото дерби кое следува следното коло во Богданци – директно дерби со Мулти Есенс. Тоа ќе биде соочување на две непоразени екипи кои се дикренти конкуренти за првото место кое директно води кон Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!