Останато

Македонскиот одбојкарски тренер Жарко Ристоски и Ал Хилал повторно шампиони во Саудиска Арабија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот стратег Жарко Ристоски продолжува со успешните резултати во Саудиска Арабија, откако со својот тим Ал Хилал го освои Сауди Националниот куп, што претставува одлична најава за новата сезона.

Во финалниот натпревар, Ал Хилал убедливо со 3:0 го совлада Ал Ахли, со што ја одбрани минатогодишната титула и уште еднаш потврди дека е најдобар клуб во земјата. На турнирот учествуваа осумте најдобри екипи, а тимот на Ристоски на патот до трофејот најпрво го елиминираше Ал Насер со 3:1 во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето беше поуспешен од Ал Итихад со 3:0.

Ова е втора титула за Ристоски и Ал Хилал сезонава, по освоениот Интернационален клупски шампионат, кој неодамна се одржа во Абу Даби.

Тимот на македонскиот тренер сега ќе се фокусира на подготовките за националното првенство, во кое ќе ја брани шампионската титула. Новата сезона во Саудиската Про лига започнува на 21 ноември.

Во меѓувреме, активностите на клубовите ќе бидат ставени во мирување поради одржувањето на Исламските игри, чии домаќин ќе биде националниот тим на Саудиска Арабија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!