Останато

Тања Стојановска стана првата жена во Македонија со највисока ИТФ тренерска лиценца за тенис

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое претставува највисокото тренерско ниво во тенисот што го издава Светската тениска федерација (ITF).

Стојановска во изминатиот период активно работеше на стекнување на ова звање, кое опфаќаше два дела – теоретски и практичен. Теоретскиот дел се реализираше онлајн, додека практичниот дел се одржа во Валенсија, каде што учесниците работеа со играчи од највисок ранг.

Курсот вклучуваше теми како планирање, биомеханика, тактика, физичка и психолошка подготовка, како и современи методи на тренинг.

Со ова, Стојановска стана петтиот тренер од Македонија со највисоко ИТФ ниво, по Чедомир Јовановски, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ и Горан Шевченко, а воедно е и првата жена тренер во земјата што ја поседува оваа лиценца.

 “Најпрво би сакала искрено да им се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој курс. Поддршката, насоките и охрабрувањето од менторите, организаторите и останатите учесници одиграа клучна улога во тоа ова искуство да биде значајно и успешно за мене. Размената на идеи и искуства со луѓе посветени на спортот ми помогна да стекнам нови сознанија и да го проширам моето разбирање за тоа како учиме, подучуваме и напредуваме во тенисот. Овој курс имаше длабоко влијание врз мене, и професионално и лично. Се чувствувам како поефективен тренер со нови цели и визија за иднината,” – изјави Стојановска.

Проектот е реализиран со поддршка од Интернационалната олимписка солидарност, преку Македонскиот олимписки комитет и ИТФ Светската тениска федерација, во соработка со Тениската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!