Кошарка

Кошаркарите на Охрид сезоната ја отвараат против Водно Санс, во Струмица градско дерби, Соколи против Борец Баскет

Сподели
Сподели

Стартот на новата сезона во Првата кошаркарска лига ќе биде поместен за неколку дена, поради локалните избори, бидејќи истиот беше закажен за во недела, но тогаш се поклопува и првиот круг од локалните избори.

Првото коло во групата А се отвара на 20 октомври (понеделник) со два натпревари. Вардар ќе го пречека Тетекс ТТК, а пак Мега Баскет ќе биде домаќин на Црн Дрим од Струга, во меч кој се игра во Прилеп.

Кошаркарките на Охрид ќе гостуваат кај екипата на Водно Санс во Скопје, во меч кој се игра на 21 октомври (вторник). Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Младинец.

Во однос на првото коло од групата Б истото се отвара во понеделник (20 октомври) со натпреварот меѓу Спортисимо и Овче Поле кој се игра во Кавадарци. В среда (22 октомври) во ќе се одигра струмичкото градско дерби меѓу Ролинг и Струмица ФМП, а пак дерби ќе се игра меѓу Соколи и Борец Баскет.

Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Бутел.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

Кошарка

Адамовска на врвот кај асистентите – промени на индивидуалните листи во Првата женска кошаркарска лига

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!