Ракомет

Игор Котевски повторно на клупата на Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: РК Металург
Сподели

Ракометниот клуб Вардар Неготино има нов стратег – на кормилото се враќа Игор Котевски, кој ќе го наследи Пепи Манасков по неговото заминување од тренерската позиција.

Поразот во Штип од Текстилец (35-33) се покажа како пресуден за промената. Раководството на клубот веднаш реагираше и за кратко време го договори Котевски, дознава Спортска Мрежа од извори блиски до клубот.

Котевски не е непознато име во Неготино — тој веќе го предводеше Вардар во сезоната 2023/24, кога тимот настапуваше во Суперлигата. Искусниот стратег има богато искуство и соработувал со повеќе македонски клубови како Радовиш, Металург, Голден Арт, Куманово, Бутел Скопје и Јуниор КВ.

По две последователни гостински загуби — најпрво во Богданци против Младост, а потоа и во Штип од Текстилец — Вардар Неготино се наоѓа во резултатска криза и моментално има шест бода. Новиот тренер ќе има задача да го „разбуди“ тимот и да го врати во трката за првото место кое носи директен пласман во Суперлигата.

Дебито на Котевски ќе биде токму овој викенд, во дерби натпреварот против Драчево Јуниор на домашен терен — меч кој може многу да каже за идните амбиции и насоката во која ќе се движи Вардар Неготино оваа сезона. Само триумф е опција за да може тимот од Неготино да продолжи сериозно да го напаѓа првото место, пораз од директниот конкурент Драчево Јуниор за Вардар Неготино ќе значат два чекори назад и многу тешка битка за првото место.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!