Ракомет

Македонија немаше сили за Германија – ракометарките со пораз ги отворија квалификациите за ЕП

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување на стартот од квалификациите за Европското првенство 2026, губејќи на гостувањето во Германија со убедливи 34-18 (14-8).

Натпреварот во „Швалбе Арената“ во Гумерсбах мина во целосна доминација на домаќините, кои уште од првите минути го поставија темпото и не дозволија Македонија посериозно да се приближи. Избраничките на Кристијан Грчевски имаа добри моменти во првото полувреме, кога при резултат 8-6 имаа напад за намалување на „минус еден“, но нереализираниот обид ја прекина таа позитивна серија.

Германките веднаш ја казнија грешката и со серија од 6-2 заминаа на пауза со сигурни 14-8, а вториот дел беше целосно во нивна режија. Македонија се обидуваше со различни поставености и со игра „седум на шест“, но техничките грешки и слабиот процент на реализација направија разликата да расте од минута во минута.

Во последниот дел од натпреварот германската селекција ги користеше сите пропусти на нашиот тим и стигна до највисоката предност во завршницата, кога поведе со двоцифрени 28-18, а потоа ги постави и конечните 34-18.

Емилијана Ризоска беше најрасположена во македонскиот состав со осум погодоци, додека Ива Младеновска додаде четири. Во таборот на Германија најистакнати беа Лохтер и Хауф со по пет гола, а голманките Филтер и Вахтер заедно собраа 12 одбрани, наспроти само четири на нашите чуварки на мрежата.

По овој меч, Македонија го насочува вниманието кон второто коло, кога на 19 октомври во Битола ќе ја пречека Словенија во салата „Боро Чурлевски“. Ќе биде тоа можност за поправен испит и прва шанса за бодови на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!