Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа во Кавадарци, еден ден по дуелот со Барселона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Само 24 часа по жестокиот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер покажаа карактер и професионализам, славејќи на гостувањето кај Тиквеш 2014 со 30-25 во рамките на 7. коло од домашната Суперлига.

Иако заморот од европскиот настап беше очигледен, „зелените“ одлично го отворија натпреварот во салата „Јасмин“. Рано стекнаа предност од неколку гола благодарение на ефикасноста на Тајник, браќата Атанасијевиќ и Валид. Домаќините се обидоа да одржат чекор, но гостите со дисциплинирана одбрана и брзи транзиции заминаа на одмор со водство од 15-12.

Вториот дел донесе порамноправна игра и краток период на надеж за кавадарчани, кои во 43. минута израмнија на 18-18. Тиквеш имаше и можност првпат да поведе, но неколку нереализирани шанси и одлични интервенции на Мацанковски им го скршија ритамот.

По тајмаутот на тренерот Рубен Гарабаја, пелистерци се вратија со серија од шест гола без одговор, со што ја вратија контролата врз резултатот и мирно го приведоа натпреварот до крај.

Најефикасни кај победничкиот состав беа Петар и Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник и Рудолф Хакбарт – сите со по пет постигнати голови, додека кај Тиквеш се истакнаа Мохамед Ахмед со осум и Димитар Коцев со седум погодоци.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер ја продолжува својата успешна серија на домашната сцена, покажувајќи дека и покрај згуснатиот распоред и европските обврски, останува главен фаворит за титулата во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!