Ракомет

Браќата Илиевски ќе делат правда во Турција – двомеч Бурса–Хафнарфјордур

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонските ракометни судии, Методија и Михајло Илиевски, повторно ќе бидат дел од европската сцена. Тие добија делегирање од Европската ракометна федерација и викендов патуваат во Турција, каде ќе делат правда на два натпревари од ЕХФ Европскиот куп.

На 18 и 19 октомври, со почеток во 16:00 часот, ќе се одиграат двата реванш меча меѓу турскиот Бурса и исландскиот Хафнарфјордур во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот куп.

Европската ракометна федерација денеска ги објави имињата на официјалните лица за овие натпревари, а делегат на двомечот ќе биде Грузиецот Гевашвили.

Со ова ново назначување, браќата Илиевски уште еднаш ја потврдуваат довербата што ја уживаат кај ЕХФ и континуитетот на нивните европски ангажмани.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!