Прва лигаФудбал

ФИФА и забрани трансфери на прволигашот Брера Струмица во следните три преодни рока

Сподели
Сподели

Екипата на прволигашот Брера Струмица се најде во непријатна ситуација, откако доби забрана за трансфери од Светската фудбалска федерација (ФИФА). Според објавената листа од ФИФА, името на струмичкиот клуб се појави на листата од 23.09.2025 што значи дека во наредните три преодни рокови нема да може да регистрира нови играчи.

Причината за оваа санкција се неисплатени финансиски обврски кон странски играчи и тренери, кои ги пријавиле своите побарувања до ФИФА. Федерацијата реагира со вакви мерки за да ги заштити играчите и да обезбеди исплата на долгот.

Оваа блокада може сериозно да влијае на плановите на Брера Струмица во следниот период, особено ако клубот не успее навреме да ги подмири долговите и да ја укине санкцијата.

Интересно е што на листата на ФИФА и понатаму се наоѓа и името на Воска Спорт, поранешен прволигашки клуб кој веќе не е активен во македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло на Втората лига меѓу Слога Виница и големиот фаворит Охрид. Триумф...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Слога Виница – Охрид

Денес на Градскиот стадион во Виница се игра мечот од 15. коло...

Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!