Ракомет

Блажески: „Главен акцент ќе биде ставен на одбраната – тоа ќе ни ја донесе сигурноста во играта!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамките на 8. коло од македонската Супер лига, екипата на ГРК Охрид ќе гостува кај РК Прилеп. Натпреварот е закажан за сабота (18 октомври) во спортската сала „Ристе Ричкоски Ричко“, со почеток во 18:30 часот.

Охриѓани неделава работеа интензивно, подготвувајќи се за новиот првенствен предизвик, по успешното издание во ЕХФ Европскиот куп.

Голманот Бојан Блажески очекува добра игра и позитивен резултат, истакнувајќи го фокусот на дефанзивниот сегмент:

„Напорно работевме оваа недела после успешно поминатото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Се подготвуваме, анализираме. Главен акцент на натпреварот ќе биде ставена одбраната што ќе ни помогне во транзицијата во играта. Се надеваме на позитивен резултат.“

Екипата на ГРК Охрид со оптимизам патува за Прилеп, со јасна цел – да го продолжи позитивниот ритам и да се задржи во горниот дел од табелата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!