Ракомет

Струга имаше сили за едно полувреме – Бутел запиша триумф!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје им се вратија на победите со триумф од 30-27 над мотивираниот состав на Струга, во дуел од Суперлигата што понуди голема борба, особено во првиот дел.

Гостите од Струга одиграа солидно полувреме и држеа егал (15-15), но во продолжението домашниот состав предводен од тренерот Горан Кузманоски ја презеде контролата врз натпреварот. Бутел покажа поголемо искуство и смиреност во клучните моменти, а пресудна беше мини-серијата во вториот дел кога преку Николов и Спасовски се одлепија на три гола разлика и рутински ја одржуваа предноста до крајот.

Филип Николов беше вистински лидер на теренот со десет постигнати гола, а Бојан Спасовски додаде шест. Голманите Стојаноски и Трајкоски имаа вкупно десет интервенции, што дополнително ја стабилизираше играта на домаќините.

Кај Струга најрасположен беше Наум Костов со 12 гола, а Ѓурѓевиќ блескаше меѓу стативите со 18 одбрани, но неговите напори не беа доволни за позитивен резултат.

Со овој триумф, Бутел Скопје ја запиша својата петта победа во сезоната, додека Струга го претрпе шестиот пораз, и покрај тоа што покажа дека има потенцијал да им парира и на поискусните суперлигаши.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!