Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе му судат на европскиот гигант Барселона!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација го објави списокот на официјални лица за шестото коло во Лигата на шампионите, а меѓу нив повторно се најдоа и македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Нашиот судиски двоец ќе ја дели правдата на престижниот дуел меѓу Висла Плоцк и најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето — Барселона. Делегат на натпреварот ќе биде Чехот- Јири Конечни.

Средбата ќе се одигра на 23 октомври, во прочуената „Орлен Арена“ во Полска, со почеток во 20:45 часот.

Ова ќе биде уште едно големо признание за македонското судиско дуо, кое со својата конзистентност и професионализам сѐ почесто добива доверба за најатрактивните натпревари во елитната Лига на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло во Втората лига. Голеадата ја започна Тетекс во 4. минута, а...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!