Ракомет

Охрид со ново големо засилување – пристигна репрезентативецот Томислав Јагуриновски

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Охрид продолжува со силни потези во пресрет на продолжението од сезоната. Ново име во составот е македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, кој по кратка авантура во Германија реши повторно да настапува во домашниот шампионат.

Десниот бек, кој летово се пресели во германскиот Десау, по спогодбен раскин на договорот се враќа во Македонија и ќе го засили тимот од градот покрај Охридското Езеро.

Јагуриновски веќе се приклучи на подготовките и беше присутен на натпреварите на својот нов клуб во ЕХФ Купот изминатиот викенд.

Во текот на кариерата, 27-годишниот ракометар остави силен печат настапувајќи за Металург, Вардар, Еурофарм Работник, Пелистер, како и за исландскиот Акурејри. Со своето искуство и енергичен стил на игра, тој треба да донесе стабилност и дополнителна димензија во нападот на охридскиот тим.

Потписот на Јагуриновски доаѓа само ден по потврденото ангажирање на Младен Крсманчиќ, што уште еднаш го потврдува јасниот стремеж на клубот – Охрид да биде меѓу водечките сили во македонската Суперлига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!