РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Натпреварот не започна најдобро за избраниците на Благоја Милевски, кој по мечот ги сподели своите впечатоци на прес-конференција.

„Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто полувреме веќе беше она вистинското лице на Македонија. Миовски принудно играше на странична позиција, но бргу мораше да се направи корекција. Ако не го сменивме системот ќе морав да направам замена уште во 15-тата минута“, истакна Милевски.

Тој додаде дека тимот бил нервозен на стартот, што било резултат на големиот напор во мечот со Белгија.

„Во првиот дел загубивме многу дуели и втори топки, но реакцијата во продолжението беше токму она што го очекував. Им честитам на фудбалерите – со играта во второто полувреме заслуживме победа, но фудбалот е понекогаш суров. Казахстан одигра одлично, но сепак ние бевме поблиску до триумф. Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет. Во овие изминати 14 официјални натпревари сме без пораз и примивме само пет гола. Разочарувањето сега само покажува дека сме созреан тим. Во Кардиф ќе одиме да уживаме во фудбалот, а што ќе донесе тоа, ќе видиме“, изјави селекторот Милевски на прес – конференцијата по натпреварот.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!