Ракомет

„Барселона првпат во Битола – Пелистер подготвен за големиот предизвик!“

Сподели
ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Сподели

Историски момент за битолскиот ракомет – европскиот гигант Барселона за првпат гостува во Битола! Натпреварот што предизвика невидена еуфорија кај домашната публика е целосно распродаден, а атмосферата во градот на ракометот е на највисоко ниво. Во пресрет на дуелот, зборуваа тренерот Рубен Гарабаја и десниот бек Анџеј Видомски, кои најавија мотивирано издание против најтрофејниот клуб во Европа.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, со голема почит зборуваше за противникот, но и со јасна порака дека неговите избраници ќе влезат максимално мотивирани во дуелот со каталонскиот гигант.

„Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат многу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Ракометниот има помош од фудбалскиот клуб, нивната структура е извонредна. Таму сите ракометари се фокусирани само на настапите.

Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуваат 3-4 брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот.“ – изјави Гарабаја.

Од играчкиот состав зборуваше Анџеј Видомски, кој се надева на подобра игра по своето деби во Лигата на шампионите.

„Првите минути ги одиграв против Охрид и атмосферата во салата беше извонредна. Во Плоцк дебитирав во Лигата на шампионите, но можеби не одиграв толку добро. Сепак, тоа беше само првиот чекор и верувам дека ќе биде подобро.

Барса игра многу добро, во некои сегменти игра слично како Висла Плоцк. Знаеме како треба да играме и ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро издание. Сакам да ги повикам фановите, ни треба нивната помош.“  – изјави Видомски.

Фокусот ќе биде насочен кон одбраната на Пелистер и улогата на новите засилувања, кои ќе имаат можност да се докажат против најсилниот противник во групата. Поддршката од преполната сала во Битола ќе биде клучна за да се одржи темпото и концентрацијата против европскиот првак.

Еурофарм Пелистер стои пред еден од најголемите натпревари во својата историја. Барселона во Битола е повеќе од спортски настан – тоа е празник на ракометот. Тимот на Гарабаја најавува борба до последен момент, со верба дека со поддршката од публиката може да се приреди вистински спектакл.

Натпреварот се игра утре (15-ти Октомври), во 20:45 часот во салата ,, Боро Чурлевски” во Битола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство....

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Поврзани написи
Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!