Следното коло во Втората лига поради акумулирани пет жолти картони ќе го пропушти еден фудбал. Се работи за Никола Стоиловски, кој го носи дресот на Осогово.
Поради пет жолти картони тој нема да може да биде на располагање на тренерот Крсте Крстев за следниот меч на Осогово.
Но, има многу фудбалери со по четири жолти картони, кои ако на следниот меч заработат жолт картон ќе акумулираат вкупно пет и ќе им треба „ладење“ од еден натпревар.
Со по четири жолти картони се Кристијан Ристовски и Михаил Николов од Осогово, потоа Дарио Десниќ од Шкендија Арачиново. Детонит Плачковица има тројца фудбалери со по четири жолти картони, тоа се голманот Димитар Ѓоргиев, Никола Сарески и Филип Ѓорѓиевски.
Четири жолти картони имаат Бурим Алиев од Каменица Саса, Христијан Бејков од Кожуф, Андреј Петрески од Победа и Амир Фејзулаи од екипата на Преспа од Ресен.