РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Казахстан ја сопна Македонија – „Рисовите“ ќе водат битка за баражот!

Сподели
Сподели

🔴 Спортска Мрежа од Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ги освои трите бода во клучниот натпревар против Казахстан на Националната Арена „Тодор Проески“, откако одигра само 1-1 и ги намали шансите за директен пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски настапија со офанзивна поставеност, во формација 3-5-2, со двајца напаѓачи – Бојан Миовски и Милан Ристовски. Македонија беше фаворит на хартија, но гостите одиграа дисциплинирано, храбро и без притисок, користејќи ја секоја шанса што им се укажуваше.

  • Прво полувреме со многу возбуди, но без голови

Казахстан подобро го отвори натпреварот и прв ја загрози нашата мрежа преку Чесноков, но Столе Димитриевски реагираше сигурно. Македонија возврати преку Милан Ристовски, чиј удар со глава по нафрлување на Алиоски заврши во рацете на гостинскиот голман Сеисен. До крајот на првиот дел нашите репрезентативци имаа уште три извонредни можности, но Сеисен со серија одбрани го сочува својот гол.

  • Студен туш на почетокот на вториот дел

Селекторот Милевски во продолжението се обиде да внесе свежина и агресија со Чурлинов и Костадинов, но наместо тоа, гостите дојдоа до водство. Во 54. минута, по мешаница во шеснаесетникот и несигурна реакција на нашата одбрана, Караман со ефектен удар со „ножички“ погоди за водство од 0-1 и шок на трибините во Скопје.

Македонија се обиде веднаш да одговори и преку Костадинов и Ристовски имаше добри можности, но без реализација.

  • Магијата на Барди го разбуди Скопје

Во 74. минута, капитенот Енис Барди ја презеде одговорноста и од слободен удар од околу 30 метри со вистински проектил ја погоди мрежата на Казахстан за 1-1. Тоа беше негов 20-ти погодок во националниот дрес, а воедно и момент на ерупција на Националната арена.


Во финишот Македонија одигра офанзивно – влезе и Александар Трајковски кој имаше голема шанса за целосен пресврт, но неговиот удар заврши крај дирекот. Во последните минути се заканија и Елмас и Серафимов, но резултатот остана непроменет.

  • Табелата и математиката пред последното коло

Белгија со победата во Велс (2-4) се зацврсти на врвот на табелата, а Македонија сега ќе мора во последното коло во Кардиф да бара бодови за втората позиција која води во бараж.

Иако надежта за првото место е речиси изгубена, нашите репрезентативци ќе имаат нова шанса за исправка против Велс во ноември, натпревар кој ќе одлучи кој ќе остане во игра за Мундијалот 2026.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија до реми со Словенија по драматичен финиш во Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија избори големо реми против Словенија (23-23) на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има тежок пат до СП 2026, но би играла во “најлесната група”: Фудбалската магла над баражот 

Македонската фудбалска репрезентација е пред нов голем предизвик, овојпат во борбата за...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ако се пласираме на СП 2026: Македонија ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Македонската фудбалска репрезентација може да стане дел од историското Светско првенство во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!