Вчера, се одиграа два натпревари од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Валандово или Четврта лига по ранг на натпреварување.
Тимот на Чешвал стигна до сигурен триумф против Црвена Ѕвезда славејќи со 0:2. Васил Митков во 38. минута го отвори резултатот за водство на гостинскиот тим на полувреме од еден гол.
Во вториот дел Ангелчо Донев постигна погодок за конечни 0:2 со што трите бодови одат на контото на тимот на Чешвал.
Возбудлив и неизвесен меч одиграа Младост МФКУ и Младост од Удово, а трите бодови ги освои тимот од Удово кој славеше со 2:4.
Гостинот го отвори резултатот во 23. минута преку Александар Дончев и со минимални 0:1 замина на полувреме. Во вториот дел тимот од Удово дојде до три гола предност, откако Митко Делев во 55. минута погоди за двојна предност на гостинот, а пак Дончев со втор гол во 65. минута обезбеди предност од 0:3.

Домаќинот преку Алекандар Илов веќе во 68. минута намали на 1:3, но во 71. минуа Делев со втор гол зголеми на 1:4 и практично го откажа Младост МФКУ од било каква надеж за изненадување.
Домаќинот имаше сили само за ублажување на поразот кога Глигор Павлов погоди во 74. минута за 2:4.
Во рамки на 4. коло останува да се одигра натпреварот меѓу Тиса и Бирлик од Дедели.