Ракомет

Тажна вест за македонскиот ракомет почина Илија Темелковски

Сподели
Сподели

Македонскиот ракомет денес загуби еден од своите најголеми ракометни легенди – Илија Темелковски, човек кој целиот свој живот и работен век го посвети на развојот на ракометот во земјава. Веста за неговата смрт ја соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која упати искрено и длабоко сочувство до семејството на Темелковски

Погребот ќе се одржи утре (14 октомври 2025 година) во 11:00 часот на Градските гробишта во Бутел.

Темелковски остави длабока трага во македонскиот ракомет како селектор со кој младинските репрезентации ги постигнаа своите најголеми успеси – на Европското првенство во 2002 година и на Светското првенство во 2017 година. Тој беше и селектор на машката сениорска репрезентација на едно од најуспешните Светски првенства за Македонија во 2009 година.

На клупски план, Темелковски беше најтесно поврзан со екипата на Пролет, каде што работеше со огромна посветеност сè до својата смрт.

Македонскиот ракомет ќе го памети како човек со визија, знаење и неуморна љубов кон спортот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!