Останато

Злато за Омер Мемеди, бронза за Мелани Митевска на Балканското првенство во борење

Сподели
ФОТО: Боречка федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот борач Омер Мемеди направи голем успех на Балканското првенство за младинци (У20), кое се одржа во Романија, освојувајќи златен медал и со тоа станувајќи балкански шампион во категоријата до 92 килограми. Мемеди со извонредни настапи и голема борбеност ги совлада сите противници на својот пат до финалето, каде уште еднаш ја покажа својата доминација и заслужено го освои најсјајното одличје.

Овој успех претставува голем поттик не само за него, туку и за македонското борење воопшто, кое последните години бележи сè поголем напредок и резултати на меѓународната сцена.

Покрај Мемеди, во женска конкуренција нашата  Мелани Митевска исто така се истакна со одлични настапи на шампионатот. Таа по четири тешки борби успеа да стигне до бронзен медал, со што ја заокружи успешната македонска приказна во Романија.

И двајцата млади борачи уште еднаш потврдија дека Македонија располага со талентирана генерација која ветува светла иднина за овој спорт. Настапот на нашите натпреварувачи на Балканското првенство е уште еден доказ дека вложувањето во младите спортисти носи резултати и дека македонското борење е на вистинскиот пат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!