Ракомет

Пупунцоски: „Ми се исполни сонот – европско деби за паметење!“

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Младото лево крило на ГРК Охрид, Христијан Пупунцоски, ја искористи шансата во натпреварот против Баки, кој охридскиот тим го доби со убедливи 38-21, обезбедувајќи пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Пупунцоски, како и другите млади ракометари од охридската школа, доби шанса од стратегот Борис Ројевиќ и ја оправда со одлична игра, постигнувајќи два гола во натпреварот.

Веднаш после мечот, за Спортска Мрежа, тој изјави:

„Мило ми е што добив можност да играм денес, ми се исполни желбата и сонот да играм за Охрид на еден ваков меч, од европски карактер. Можеби денес натпреварот беше само формалност, бидејќи веќе изборивме пласман со големата победа вчера, меѓутоа јас ќе го паметам овој меч бидејќи беше мое деби и се надевам дека се прикажав во добро светло.“

Со вакви настапи, Пупунцоски и останатите млади таленти најавуваат дека иднината на охридската ракометна школа е сигурна, а тимот е подготвен за следните предизвици на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!